14 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАјакс му дозволил на Тен Хаг да почне преговори со Манчестер Јунајтед

Ајакс му дозволил на Тен Хаг да почне преговори со Манчестер Јунајтед

Фудбалскиот гигант Ајакс му одобрил на тренерот Ерик тен Хаг да почне со преговори за преселба во Манчестер јунајтед по завршување на сезоната. Сепак, холандскиот клуб ќе бара одредена отштета, затоа што Тен Хаг има важечки договор со Ајакс.

Раководството на „црвените ѓаволи“ имало првични разговори со Ерик тен Хаг, но стратегот на Ајакс најавил дека мора да добие дозвола за понатамошни преговори доколку се влезе во детали околу негова преселба на „Олд Трафорд“.

Тен Хаг е прв пик на челниците на Манчестер Јунајтед за менаџерската позиција опд следната сезона, а тоа го одобрил и актуелниот менаџер Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната ќе се пресели во спортскиот сектор на клубот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП