17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБоатенг пред потпис во Шалке 04

Боатенг пред потпис во Шалке 04

boateng

Екипата на Шалке 04 е блиску до еден прилично изненадувачки трансфер. Ѕвездата на Милан, Кевин Принс Боатенг може да се најде на „Велтинс Арена“ , а веројатноста за тоа се зголеми, откако „Билд“ објави дека Ганецот веќе е на лекарски прегледи во Гелзенкирхен .

Веднаш по завршувањето на минатогодишната сезона се шпекулираше дека Боатенг ќе си замине од клубот и експертите во Италија очекуваа тој да биде продаден уште во почетокот на ова лето.

Тогаш главен кандидат за неговиот потпис беше турскиот Галатасарај . Тоа сепак не се случи и Боатенг зеде активно учество во елиминацијата на ПСВ ( Ајндховен ), постигнувајќи два погодоци во реваншот од квалификациите за Лигата на шампионите на „Сан Сиро“ (3:0).

Така , евентуалниот негов трансфер во Шалке изгледа доста изненадувачки со оглед дека до крајот на овој прозорец остануваат само уште три дена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП