Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет места на листата на ФИФА. Македонија изминатата недела славеше победа над Европскиот првак Италија, а потоа загуби од Португалија во решавачкиот натпревар за пласман на мундијалот.
Македонија се наоѓа на 62.место на најновата листата на ФИФА. Избраниците на Благоја Милевски имаат најдобар рејтинг од противниците со кои ќе играат во Лигата на нации (Бугарија, Грузија, Гибралтар).

