24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТехнологија која го продолжува животниот век на паметните часовници

Технологија која го продолжува животниот век на паметните часовници

„Japan Display“ соопшти дека планира да започне со производство на нов дисплеј кој значително ја намалува потрошувачката на енергија и го продолжува животниот век на батеријата на паметните часовници и другата електроника за широка потрошувачка, пренесува „Reuters“.

Производителот на мали екрани кои се користат во паметните телефони, автомобилите и другите производи „преговара со голем број клиенти и планира да започне со масовно производство во 2024-та година“, соопшти компанијата. Меѓу најголемите клиенти е „Apple“.

„Japan Display“, која очекува оперативна загуба од 11,3 милијарди јени (93 милиони долари) за годината што заврши на 31-ва март, се бори со својата конкуренција бидејќи потрошувачите се свртуваат кон „OLED“ екраните. Неодамна, компанијата мораше да го намали производството поради недостиг на чипови.

Новата компонента, која е покриена со мали транзистори, е позната како „backplane“ и е еден од слоевите на „LCD“-екранот. Тие се користат и во „OLED“ дисплеите.

„Japan Display“ тврди дека плочата користи до 40% помалку батерија од конвенционалните компоненти, а исто така ја подобрува резолуцијата на екранот, што ја прави погодна за уреди за виртуелна реалност.

Компанијата соопшти дека очекува новата компонента на екранот да генерира приход од 50 милијарди јени (411 милиони долари) во период од пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП