2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо им се налути на новинарите: Јас сум тој што треба да...

Роналдо им се налути на новинарите: Јас сум тој што треба да реши и точка

Португалија и Македонија, вечерва, во Порто, ќе се борат за пласман на Светското првенство во Катар. За овој меч, Португалија се избори со победата над Турција (3:1), а Македонија со триумфот над Италија во Палермо (1:0).

Португалија на теренот ќе ја предводи Кристијано Роналдо. Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот има желба петти пат во кариерата да биде дел од еден планетарен шампионат.

Пред натпреварот Роналдо нервозно реагирал на прашањата дали ќе се повлече од репрезентацијата доколку доживее неуспех во дуелот со Македонија.

„Ги повторувате прашањата. Не ви е првпат да поставувате вакви прашања. Само јас можам да решам што ќе се случува во иднина. Ако сакам да продолжам да играм за националниот тим, ќе продолжам да играм. Ако не сакам, тогаш нема да играм. Јас сум тој што треба да реши и точка“, луто одговорил Роналдо.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед потоа пофално зборувал за македонската репрезентација и порачал дека Португалија нема да дозволи да ја доживее судбината на Италија.

Натпреварот на „Драгао“ во Порто ќе почне во 20.45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП