6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан го враќа Кака, тој сака да замине од Реал!?

Милан го враќа Кака, тој сака да замине од Реал!?

kaka1

Халфот на Реал Мадрид, Кака ќе го напушти клубот до крајот на трансфер прозорецот. 31-годишниот Бразилец за првпат призна дека има желба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

„Мислам дека тоа ќе биде најдобро решение за сите. Раководството е свесено дека сакам да го напуштам клубот. Зборував со Карло Анчелоти, тој исто така знае. Секогаш сум на располагање на тренерот, но тоа не значи дека сум задоволен од улогата на резерва“, изјави Кака, кој вчера постигна два гола во победата од 4:0 над Ла Коруња во пријателскиот натпревар.

Пол-позиција во оваа ситуацијата има Милан. „Росонерите“ уште еднаш ќе направат обид да го вратат фудбалерот, кој се претвори во идол на тифозите при престојот во клубот меѓу 2003-та и 2009-та година.

Според италијанските медиуми најверојатно е Милан да го земе Кака на позајмица, бидејќи не може да си ја дозволи платата на бразилецот од 10 милиони евра.

„Кака е во нашите срца. Враќањето во Милан е можно, но ќе видиме“, коментира потпретседателот на миланскиот гигант Адријано Галијани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП