3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМуслиу: Португалија е фаворит на хартија, ама ние тоа не го признаваме

Муслиу: Португалија е фаворит на хартија, ама ние тоа не го признаваме

Фудбалската репрезентација на Македонија веќе се подготвува за новото искушение, финалната пресметка за пласман на СП против Португалија. Утре националниот тим патува за Порто, а дефанзивецот Висар Муслиу смета дека Македонија не е без шанси, иако Португалците се фаворити на хартија.

„Сите погледи сега ни се кон Португалија. Мора да се потрудиме многу, знаеме дека ова е можеби шанса која ќе ја имаме еднаш во животот. Мора да дадеме максимум и да се потрудиме да победиме, па така ќе испишеме нова историја за нашиот фудбал. Секој нов меч е различен од претходниот, но знаеме дека не очекува еден многу тежок меч, со голем психолошки притисок. Португалија е фаворит на хартија, сите го велат тоа. Но, ние не мислиме така. Знаеме за каков квалитет се говори. Италија исто имаше квалитет како европски првак, па така сметам дека и ние не сме без шанси во финалето“, изјави Висар Муслиу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП