6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус не го продава Лјоренте

Јувентус не го продава Лјоренте

Fernando-Llorente-Juventus

Фудбалскиот клуб Јувентус нема намера да го продаде напаѓачот, Фернандо Лјоренте. Ова го соопшти генералниот директор на шампионот на Италија, Бепе Марота.

Медиумите на Апенинскиот полуостров претходните неколку дена шпекулираа дека Лјоренте ќе замине на позајмица во Барселона, поради тоа што на првите две средби не беше дел од првиот тим.

„Веруваме во Лјоренте и немаме намера да го продадеме“, вели Марота.

Тренерот на Јувентус, Антонио Конте на првите два официјални натпревари од новата сезона, во Суперкупот на Италија и во првеството, против Лацио, односно Сампдорија во нападот ги стави Мирко Вучиниќ и Карлос Тевез.

Лјоренте на почетокот на јули по осум години го напушти Атлетико Билбао и премина во Јувентус.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП