Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) потври дека два члена на тренерскиот тим на селекторот Роберто Манчини имале позитивни тестови на Ковид-19 по шпекулациите во италијанските медиуми дека пет фудбалери имале позитивни тестови пред дуелот со Македонија.
Оваа шпекулација ја пренесе поранешниот соработник на Манчини во Интер, Дарио Марколин, кој изјави дека два члена на тренерскиот тим и пет фудбалери биле позитивни при пристигнувањето во тренинг-центарот во Коверчијано. Федерацијата на ова одговори со потврда за двата позитивни теста, но додаде дека утре ќе има нови таргетирани тестови за сите фудбалери што играат во клубови во кои имало позитивни тестови на Ковид-19.

