Хакерскиот колектив Анонимуси ја продолжува сајбер војната во Русија. Откако хакираа голем број руски медиуми, кои објавуваа информации за Украина и повик да се прекине војната во таа земја, а потоа и бројните камери низ Русија и директно пренесуваа што прават Русите, сега се свртеа кон малку поинаков пристап.
Како што објавија на Твитер, тие хакирале принтери низ Русија и почнале да печатат повеќе од 100.000 копии во PDF формат со инструкции како да се инсталира прелистувачот Tor, кој може да ги заобиколи ограничувањата наметнати од Русија за интернет сообраќајот и пристап до страници надвор од Русија.

