Со фуриозно прво полувреме, Рома стигна до импресивна 3:0 победа над Лацио во дербито на италијанската престолнина, за Жозе Мурињо да го добие дуелот со Маурицио Сари, и во исто време да ја крене „волчицата“ на петтото место на табелата пред лутиот ривал.
Ѕвезда на натпреварот повторно беше англискиот репрезентативец, Теми Абрахам, кој го отвори резултатот уште во првата минута, за во 22. минута да зголеми на 2:0. Лоренцо Пелегрини во 40. минута зголеми на 3:0 најавувајќи ја катастрофата на „лацијалите“.

