8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТор подобар од Еди Хол во „најтешкиот“ боксерски меч во историјата

Тор подобар од Еди Хол во „најтешкиот“ боксерски меч во историјата

Дуелот на двајцата поранешни носители на титулата „најсилен човек на светот“, Тор Бјорнсон и Еди Хол можеби ги разочара боксерските фанови поради фактот што двајцата не покажаа многу бокерски квалитети, но пресметката во Абу Даби беше интересна како што беше промовирана во „најтешкиот“ боксерски меч во историјата.

Исланѓанецот Хафтор Бјорнсон, кој стана популарен како „Планината“ во серијата „Игра на тронови“, сепак, покажа повеќе и на крајот стигна до едногласна победа на поени (57:54, 57:54, 57:54) по шест рунди. Со победата Бјорнсон го подобри скорот како професионален боксер на 3-0.

По победата, двајцата „тешкаши“ кои се навредуваа повеќе од година дена пред мечот, завршија во прегратка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП