3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 причини поради кои постот му годи на здравјето

3 причини поради кои постот му годи на здравјето

Веќе е започнат Велигденскиот пост. Како постот ќе делува на нашиот организам, во продолжение објаснуваат нутриционистите…

1. Постот како детоксикација на организмот

Постот е корисен бидејќи редуцираниот внес на намирници овозможува прочистување на организмот од токсичниот ефект на храната – велат нутриционистите. На телото му е потребно да се одмори од намирниците богати со масти, кои се често застапени во нашите чинии.

пост2

2. Постот ни дава виталност

После првата фаза на постот, којашто може да се нарече како детоксикација на организмот, кога масната храна ќе се замени со посна, следи фазата на виталност, односно сите оние добра коишто самите посни намирници ги носат со себе – додаваат нутриционистите.

пост3

3. Постот и годи на кожата

Постот го чисти телото и духот, и тоа е навистина така. Во текот на постот, нашата кожа станува почиста, односно поубава и поблескава – истакнуваат тие. За време на постот може да дојде и до ублажување на алергиите кај луѓето коишто се борат со овој здравствен проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП