3 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПСпремете се за бурна реакција: Овие 4 хороскопски знаци најтешко поднесуваат критика!

Спремете се за бурна реакција: Овие 4 хороскопски знаци најтешко поднесуваат критика!

Одредени знаци од хороскопот никогаш не можат да издржат критика, дури и кога таа е добронамерна и конструктивна. Ова се хороскопските знаци кои најлошо реагираат на критиките!

Рак – Најчувствителниот знак на Зодијакот, не може да поднесе да му се каже дека нешто не направил како што треба. Од него можете да очекувате потоци од солзи или ледена тишина, а можеби нема да разговара со вас со недели! Ракот знае да се затвори во својот „оклоп“ и да ги отпише луѓето од кои добивал критики, што значително влијае на неговите односи и врски.

Девица – Секогаш мисли дека е совршена и критиките, дури и добронамерните, се голем атак за Девицата. Верува дека нема маани, а ако посочите на една од нив, ќе добиете експлозија! Девиците инаку се мирни и одмерени, но критиките ги претвораат во „чудовишта“. Ќе има дерење, обвинувања, кавги и ќе се запрашате дали доволно ви значи воопшто да се вклучите во решавање на тој проблем. Девицата секогаш ќе позира како да е над вас и ќе ве навредува како што знае и умее, бидејќи мисли дека нападот е најдобрата одбрана.

Вага – Нежни и секогаш расположени Вагите сè доживуваат многу лично, особено критиките. Како и Ракот, така и Вагата ќе се затвори во себе по критиките и може да одбие каква било комуникација. Ова е меч со две острици, бидејќи Вагите мразат конфликти и ќе се обидат да го избегнат, но од друга страна, не мора секој разговор да биде конфликт. Вагата мора сама да се „предомисли“ и да ви се обрати откако ќе ве исклучи, не го правете првиот чекор ако се налути.

Стрелец – Најлошото нешто што можете да му го направите на Стрелецот е да се обидете да му помогнете! Понекогаш е подобро сам да го пуштите да успее или да не успее, бидејќи ако добронамерно се вклучите и му укажете што не направил како што треба, сериозно ќе се налути. Стрелецот е „миротворец“ на хороскопот, но мрази само две работи – неправдата и луѓето кои му велат дека не е совршен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП