8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев: Буфон е најдобар во светот, Савичевиќ ми беше идол, Црвена звезда...

Пандев: Буфон е најдобар во светот, Савичевиќ ми беше идол, Црвена звезда ја носам во срцето

Парма, вчера, победи во Виченца со 1:0. Горан Пандев, по повредата, се врати во тимот на Парма, тој одигра половина час за својот тим. Инаку, пред натпреварот легендата на македонскиот фудбал, имал едно часовна дружба со најмладите навивачи на клубот. Пандев одговарал на нивните прашања.

Кој е најдобриот голман против кого си играл?

„Сега играм со најдобриот голман во светот. Секако тоа е Буфон“.

Кој е твојот фудбалски идол?

„Кога бев дете омилен играч ми беше Дејан Савичевиќ. Голем шампион! Многу ми се допаѓаше неговиот стил на игра. Шутираше со левата нога и играше за клубот кој го носам во срцето, Црвена звезда. Дали го достигнав? Не. Но среќен сум каква кариера остварив“.

Зошто од Џенова се пресели во Парма?

„Поради тоа што Парма сакаше да дојдам тука. Жал ми е што не играв многу поради повредата. Сега сум здрав и подготвен да го правам она за што сум донесен тука“.

Кој ќе победи во баражот: Италија или Македонија?

„Навивам за Македонија и се надевам дека може да победи. Јас сум Македонец. Се игра еден натпревар, во фудбалот се е можно“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП