6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтлетико Мадрид го нокаутира Манчестер Јунајтед, Бенфика го елиминира Ајакс од ЛШ

Атлетико Мадрид го нокаутира Манчестер Јунајтед, Бенфика го елиминира Ајакс од ЛШ

Атлетико Мадрид и Бенфика патуваат во следната фаза од Лигата на шампионите откако остварија минимални победи (0:1) на „Олд Трафорд“ и на „Јохан Кројф арена“.

Шпанскиот првак го нокаутира Манчестер Јунајтед во првото полувреме, кога Ренан Лоди во 41.минута шутираше прецизно со глава по центаршутот на Антоан Гризман и го совлада Давид де Хеа.

Младиот Антони Еланга ја имаше најубавата шанса за Манчестер Јунајтед во првиот дел, но не беше доволно смирен во завршницата, а тимот на Ралф Рангник речиси и да не создаде втора стопроцентна шанса пред голот на Јан Облак.

Бенфика го совлада Ајакс во Амстердам со 0:1 и оди понатаму, со оглед дека првиот меч во Лисабон заврши 2:2. Дарвин Нуњез со небесен скок ја изненади домашната одбрана во 77.минута и со удар со глава го совлада Андре Онана. Ајакс имаше повеќе од играта, создаде и неколку убави шанси, но немаше реализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП