2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМедведев ќе може да игра на Вимблдон само ако јавно се откаже...

Медведев ќе може да игра на Вимблдон само ако јавно се откаже од Путин

Британскиот министер за спорт, Најџел Хадлстон, објави важна вест за руските и за белоруските тенисери. Апсолутно никој на Вимблдон нема да може да настапи под руското и белоруското знаме. Тоа значи дека Данил Медведев ќе може да настапи само ако јавно го осуди рускиот претседател Владимир Путин.

„Треба да се погрижиме Русите кои ќе играат на Вимблдон воопшто да не го поддржуваат Владимир Путин, а размислуваме што да правиме за да добиеме гаранции. Првиот чекор е јасно да се дистанцираат од Владимир Путин, неговите ставови и постапки. Нема шанси да дозволиме веење на руски знамиња, но и појавување на оние кои на било каков начин го поддржуваат Путин и неговиот режим“, изјави министерот за спорт на Велика Британија.

Русите се меѓу елитата во светскиот тенис. Андреј Медведев е број еден на АТП-листата, а неговиот истоименик Рублев е седми, Аслан Карачев е на 22. место.

Белорусинката Арина Сабаленка е трета во светот, нејзината сонародничка Викторија Азаренка е на 15. позиција, додека Русинката Анастасија Пављученкова е едно место пред неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП