3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск сподели теорија на заговор за креаторот на Биткоин

Маск сподели теорија на заговор за креаторот на Биткоин

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск сподели фотографија, која, како што забележува, покажува кој стои зад името Сатоши Накамото – псевдонимот на креаторот на биткоинот.

Така, хумористичната теорија на Маск сугерира дека името Сатоши Накамото е всушност комбинација од слогови од имињата на четири технолошки компании: Самсунф, Тошиба, Накамичи и Моторола.

Сатоши Накамото, Американец со јапонско потекло, медиумите го опишаа како човекот кој ја измислил и лансирал виртуелната валута биткоин. Тој негираше дека има некаква врска со тоа, додека фоторепортерите го бркаа во финансискиот дел на Лос Анџелес, напиша неодамна „Гардијан“.

„Немам никаква врска со тоа“, рече тој. Ден претходно го бркаа фоторепортерите во финансискиот дел на Лос Анџелес, бидејќи сите сакаа да имаат слики и изјава од мистериозниот човек кој стои зад виртуелната валута.

Сè уште не е јасно дали медиумите направиле грешка порано кога го означиле како креатор на биткоинот. Поточно, порталот Њузвик кој прв ја објави оваа информација.

Според овој портал, Накамото стои зад монетата која стана популарна во 2013 година, и од тој ден на својот основач му донесе профит од околу 400 милиони долари.

Накамото призна дека имал некакви врски со биткоинот, но понатаму наведува дека повеќе не учествува во тоа и дека не може да коментира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП