Македонската ракометна репрезентација гo имаше првиот собир во пресрет на подготовките за баражот со Романија. Од утре ќе се стартува и со тренинзи, како подготовка пред првиот плејоф-дуел за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Романија е сериозен ривал, иако македонските ракометари важат за фаворити на хартија. Гоце Георгиевски можеби најдобро ги познава ривалите, со оглед дека своевремено беше на печалба токму во Романија.

