Имате гасови? Не се грижете, не сте осамени, гасовите мачат многумина…
Сјајна вест е дека постојат одлични намирници кои можат да му помогнат на нашето тело да се избори со гасовите, грчевите или чувството на надуеност.
Погледнете кои намирници ги спречуваат гасовите:
Лист од глуварче

Има горчлив вкус, но спречува создавање на гасови во стомакот така што го стимулира производството на желудечна киселина и го стимулира варењето. Ако храната правилно се вари, гасовите нема да се појават.
Ананас и папаја

Не се вообичаени на нашата трпеза, но би требало почесто да ги јадеме со оглед на тоа што одлично ги разградуваат протеините кои кога ќе дојдат до тенкото црево започнуваат да трулат и предизвикуваат гасови.
Кефир

Ферментираното млеко го намалува чувството на надуеност бидејќи е преполно со добри бактерии кои го подобруваат варењето. Во кефирот тие се за три пати повеќе застапени отколку во јогуртот. Овој природен пробиотик е вистински благодет за вашиот организам.
Зачини

Најдобар начин да се спречат гасовите е додавањето на зачини во јадењето, пред се црн пипер, анасон, рузмарин, кардамон, коријандер, босилек.
Чај од камилица

Направете посилен чај од камилица, две кесички за една шоља. Исто така можете да консумирате и течен екстракт од камилица, пред јадење.