19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony“ претстави позлатен „Walkman“ по цена од 3.700 евра (ФОТО/ВИДЕО)

„Sony“ претстави позлатен „Walkman“ по цена од 3.700 евра (ФОТО/ВИДЕО)

Компанијата „Sony“ го претстави својот најнов футуристички, луксузен уред, а станува збор за позлатен музички плеер – „Walkman“.

Моделот, означен „NW-WM1ZM2“, има бакарно куќиште кое не е збогатено со кислород и е дизајнирано да го подобри севкупниот квалитет на звукот преку намалување на електричниот шум и промовирање на повеќе нијансиран звук.

Покрај позлатувањето, моделот има и „WiFi“ компатибилност, може да репродуцира „MP3“ -датотеки со висока дефиниција, како и висококвалитетни формати како „Flac“ и „Apple Lossless“.

„Sony Walkman“ доаѓа со 3,5 милиметарски приклучок за слушалки и има 5-инчен екран на допир, како и простор за складирање до 256 GB.

Како што се очекуваше од ваков луксузен аудио плеер, „Sony Walkman NW-WM1ZM2“ не е евтин и доаѓа со цена од 3.700 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП