Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно е втор светски рекет, треба да настапи на АТП Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс. Тој е дел од ждребот за турнирот, но се уште чека да добие медицински исклучок за да може да влезе во Соединетите Американски Држави.
Ваква слична одисеја му се случуваше и во Австралија, а на крајот не настапи на гранслем турнирот и беше протеран од државата. Ова е затоа што не е вакциниран против Ковид-19.

