25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно пристигна новиот „SUV“ на „Renault“ (ФОТО/ВИДЕО)

Конечно пристигна новиот „SUV“ на „Renault“ (ФОТО/ВИДЕО)

По многу тизери и навестувања, „Renault“ конечно официјално го претстави „Austral“, својот нов модел во сегментот „C-SUV“, кој ќе го замени актуелниот „Kadjar“ во гамата.

„Austral“ е веќе изграден на третата генерација на „CMF-CD“ платформата – истата на која се базира најновиот „Nissan Qashqai“. Големите иновации во автомобилот се воведувањето на хибриден погон, новата генерација на технологија за погон на четири тркала (4Control), вкупно 32 безбедносни системи и целосна интеграција на услугите на „Google“ во информацискиот систем.

Основните верзии имаат преден менувач и торзиона лента одзади. Повисоките верзии добиваат двоен менувач и задна оска со повеќе врски со вртливи тркала (4CONTROL Advanced). Последново придонесува за неверојатен пречник на вртење од 10,1 метар – колку еден мал градски автомобил.

„Austral“ првично ќе биде достапен со два бензински мотори. Едниот, 1.2-литарски турбо во комбинација со хибриден систем од 48 волти, кој развива 130 коњски сили. Другиот е веќе познатиот турбо мотор од 1,33 литри, развиен во соработка со „Mercedеs“. Овде е претворен во мек хибрид од 12 волти и може да има 140 или 160 коњски сили.

Над нив во гамата е хибридниот систем „E-TECH“, кој се состои од 1,2-литарски бензински турбо мотор, електричен мотор и литиум-јонска батерија од 1,7 киловати. Системот е контролиран од иновативната трансмисија со повеќе режими првично развиена од „Renault“ за Формула 1. Комбинираната моќност може да достигне 200 коњски сили. Просечната потрошувачка е означена како 4,6 литри на 100 km, неговата „WLTP“ сертификација се чека.

Екранот на мултимедијалниот систем „OpenR“ има дијагонала од 12 инчи. Така е и новата дигитална инструмент табла. „Austral“, исто така, воведува нов, 7-инчен „head-up“ дисплеј. Екраните во автомобилот имаат самоприлагодлива осветленост и оптимизирани рефлектирачки својства, благодарение на што на мултимедијата повеќе не им е потребна традиционалната тенда. Системот директно ги интегрира основните услуги на „Google“ како што се „Google Maps“ за навигација, „Google Assistant“ за бесконтактна помош и „Google Play“ за апликации.

Во повисоките нивоа на опрема „Austral“ е достапен со две бои на каросеријата, и изобилство на дрвени елементи, кожа и алкантара во внатрешноста.

Внатрешноста значително порасна во споредба со „Kadjar“, а Французите тврдат дека просторот за нозете на задните патници е најголем во сегментот. Во повисоките верзии, задното седиште може да се лизга 16 cm наназад. Волуменот на багажникот е 500 литри кај меките хибридни верзии, а достигнува 575 литри со лизгачкото задно седиште.

„Austral“ е и првиот модел во кој „Renault“ го воведува своето ново ниво на опрема „Alpine Line“, инспирирана од спортскиот оддел на компанијата. Специјално за неа е додадена сосема нова боја – сатен сива. Топ верзијата добива и 20-инчни црни бандажи од „Daytona“. Аудио системот е од „Harman Kardon“.

Сѐ уште нема информации за очекуваните цени. „Austral“ треба да биде пуштен во продажба во септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП