28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвиот човек на италијанскиот фудбал стравува од Македонија

Првиот човек на италијанскиот фудбал стравува од Македонија

Првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, за италијанските медиуми истакна дека стравува за исходот од дуелот со Македонија. Европскиот првак Италија ќе ја пречека репрезентацијата на Македонија во Палермо на 24 март во полу-финалниот натпревар од плеј-офот за пласман на Светското првенство во Катар.

„Стравувам од првиот натпревар против Македонија. Овие натпревари секогаш се тешки за играње. Италија е голем фаворит, но тоа за нас ќе биде многу тежок натпревар. Нема место за поправен, а Македонија е квалитетна репрезентација, постигна добри резултати во изминатиот период. Затоа фудбалерите треба да бидат многу внимателни“, изјави Габриеле Гравина.

Селекторот на македонскиот национален тим, Благоја Милевски, се очекува на 16 март да го објави списокот на фудбалери за мундијалскиот бараж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП