Холандската фудбалска легенда Кларенс Сидорф, единствениот фудбалер кој ја освоил Лигата на шампионите со три клуба, преку социјалните мрежи потврди дека ја примил муслиманската вера со поддршка на неговата партнерка Софија Макрамати.
Сидорф е сметан за еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во неговата генерација, освојувајќи трофеи од ЛШ со Ајакс во 1995, со Реал Мадрид во 1998 и двапати со Милан во 2003 и 2007 година. Тој имаше 87 настапи за холандската репрезентација и беше на три ЕП и едно Светско првенство, во 1998, кога Холандија стигна до полуфиналето.

