Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, вели дека е среќен на „Енио Тардини“ и во Парма пронашол ново фудбалско семејство. Тој посочува дека е воодушевен не само од пречекот во клубот туку и од фактот што првиот човек на клубот е голем фудбалски фан.
„Во Парма пронајдов ново фудбалско семејство и многу сум среќен поради. Знаев дека доаѓам во голем клуб со фантастични навивачи, а претседателот Краусе ме изненади колку многу го сака фудбалот. Тој на секој тренинг е со нас, се грижи за сите и тоа е навистина нешто посебно. Дојдов во Парма затоа што верувам дека можеме до плејофот, иако заостануваме многу бодови, но има и многу натпревари за играње до крајот. Јас и сите во клубот веруваме дека можеме да ја оствариме целта“, истакнува Пандев.

