26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРакета со брзина од повеќе од 9000 км/ч денеска ќе удри во...

Ракета со брзина од повеќе од 9000 км/ч денеска ќе удри во Месечината

Кон крајот на јануари светските медиуми објавија дека ракетата SpaceX била лансирана во 2015 година на пат кон Месечината, која треба да удри на почетокот на март. Набргу потоа и откако доби нови податоци од НАСА, астрономот Бил Греј, кој прв ја објави веста за ракетата на SpaceX, призна дека погрешил. Тој рече дека дел од ракетата се уште лета кон Земјиниот сателит, но тоа нема да биде американска, туку кинеска ракета лансирана во 2014 година.

Следуваше нов пресврт кога Кинезите објавија дека ракетата Chang`e 5-T1 целосно изгорела во атмосферата по лансирањето, па ракетата на пат кон Месечината не е нивна.

Целата ситуација е прилично збунувачка и затоа не е официјално познато чија ракета или можеби некое друго парче вселенски отпад ќе ја погоди Месечината. Но, се знае кога. Овој настан треба да се случи денеска околу 13:25 часот. Ен-Би-Си посочува дека и Кина во 2020 година испратила ракета на Месечината во мисија за собирање лунарна почва, па постои можност дел од таа ракета што учествувала во мисијата пред две години да удри во Месечината.

Овој удар, за жал на астрономите, нема да биде видлив со телескопи и ќе бидат потребни недели, а можеби и месеци за да се потврди.

Дел од ракетата тежи околу три тони и ќе удри во Месечината со брзина поголема од девет илјади км/ч, по што на нејзината површина треба да се формира дупка длабока меѓу 10 и 20 метри, предвидуваат научниците.

Без разлика чија е ракетата, Греј предупредува дека ниту Кина ниту другите земји не се грижат премногу за вселенскиот отпад. Тоа може да биде голем проблем во иднина, смета Стив Возниак, ко-основачот на Apple, кој неодамна лансираше компанија фокусирана на следење на вселенскиот отпад за да спречи судир со сателити или вселенски летала во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП