6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШевченко: Не знам дали да заминам во војна или да продолжам да...

Шевченко: Не знам дали да заминам во војна или да продолжам да помагам од далечина

Легендарниот напаѓач на украинската репрезентација и нејзин поранешен селектор, Андриј Шевченко, повика на прекин на војната што Русија ѝ ја наметнала на неговата земја.

Во посета на студиото на „Скај Спортс“, тој откри дека неговата мајка и сестра и натаму се во Киев. Шевченко рече дека е растргнат помеѓу враќањето во татковината и активното учество во војната и сфаќањето дека може да направи повеќе од тоа со подигање на свеста и собирање средства во Лондон.

„Многу сум горд што сум Украинец. Ова се тешки времиња за мојата земја, мојот народ и моето семејство. Мајка ми и сестра ми и натаму се во Киев, а таму се случуваат страшни работи. Луѓе умираат, деца умираат, проектилите се свртени кон нашите домови. Мора да ја завршиме оваа војна, мора да најдеме начин да го направиме тоа“, депримирано изјави гигантот на украинскиот фудбал.

Додаде дека постојано се обидувал да го убеди семејството да го напушти Киев по руската инвазија, но дека тие одлучиле да останат таму.

„Мајка ми и сестра ми, како и повеќето Украинци, одбиваат да заминат. Тие остануваат да се борат за слобода, за нашите души“, продолжи тој.

„Во моментот земјата е обединета, тие меѓусебно си помагаат. Семејствата делат храна со војниците. Украина минува низ можеби најтешките моменти во својата историја, но луѓето се едни со други затоа што сакаат слобода и сакаат да ги бранат своите домови. Имаме бегалци, потребна ни е хуманитарна и медицинска помош, помош во храна. Ми се чини дека одовде можам многу. Ќе го направам тоа“, заклучи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП