12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКондгобија се сели во Монако

Кондгобија се сели во Монако

Geoffrey-Kondogbia

Медиумите од Франција вчера пренеса дека Монако ќе ја плати откупната клаузула од 20 милиони евра во договорот на Џефри Кондогбија, а тоа денес преку соопштение го потврди и Севилја.

„Францускиот играч од средниот ред, Џефри Кондогбија е веќе историја во Севилја. Тој го раскина важечкиот договор кој го обрзуваше со клубот, а откупната клаузула изнесуваше 20 милиони евра, кои во овие моменти од преодниот рок ќе бидат префрлени на сметка на професионалната фудбалска лига“, стои во соопштението на клубот.

Минатата недела тимот од кнежевството понудија 15 милиони евра, но Севилја го одби ваквиот предлог и порача дека играчот ќе замине само доколку некој ја плати откупната клаузула во неговиот договорот.

Кондогбија важи за еден од најталентираните играчи за врска во светот, а за него беа заинтересирани и Реал Мадрид, Јувентус и Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП