ПочетнаЗДРАВЈЕВашето тело јасно покажува кога нешто му недостасува

Вашето тело јасно покажува кога нешто му недостасува

Еве неколку симптоми кои ќе ви покажат дека на вашиот организам му недостасуваат одредени хранливи материи кои му се неопходни за правилно функционирање.

Слаби коски

Недостаток на витамин А, Ц, Д и К, како и хром, цинк и магнезиум.

Чести грчеви

Многу луѓе се жалат на грчеви во стaпалата и листовите пропратени со затегнување на муслулите. Во тие случаи, станува збор за недостаток на магнезиум, калциум и калиум, кои влијаат на развојот и работата на мускулите.

Оштетена и кршлива коса

Недостаток на витамин Б5, Б6, Б12, биотин или хлор.

Слаб имунитет

Силниот имунитет е важен за целокупното здравје бидејќи му помага на организмот да се избори против вирусите и инфекциите, полесно да оздрави итн. Кога вашиот имунитет е ослабен често се разболувате. Слабиот имунитет може да настане порад недостаток на витамините А, Ц, Д и Е, како и хромот, селенот, магнезиумот и цинкот.

Проблеми со кожата

Акни, егзема, флеки, како и други кожни проблеми се резултат на недостаток на витамин А, Б3, Б8, Ц и E, биотин, oмега 3 масни киселини, бакар, селен и цинк.

Проблеми со варење

Недостаток на витамин Б12, Ц, Д, Е, К, Б11, железо, селен, магнезиум и цинк.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП