26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо си оди, доаѓа Осимен

Роналдо си оди, доаѓа Осимен

Манчестер јунајтед во летниот преоден рок ќе прави реконструкција во нападот. Единсон Кавани нема да добие нов договор, ќе го напушти клубот, а веројатно тоа ќе се случи и со Кристијано Роналдо.

Очигледно е дека Јунајтед направи грешка кога го врати Роналдо. Португалецот играше добро во првите два месеца, потоа влезе во криза. На последните десет натпревари постигна само еден гол.

Наводно, Јунајтед ќе се обиде да го донесе Виктор Осимен од Наполи на „Олд Трафорд“.

За напаѓачот, кој оваа сезона има постигнато 11 гола на 22 натпревара, Јунајтед ќе треба да издвои околу 100.000.000 евра.

„РАИ спорт“ објави дека Јунајтед воспоставил контакти со колегите од Наполи и со менаџерот на фудбалерот.

Доколку Осимен замине од клубот, Наполи ќе тргне по напаѓачот на Сасуоло, Џанлука Скамака. Сериозен интерес за Скамака покажува и Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП