Данил Медведев е новиот светски рекет број еден. Тој од овој понеделник и официјално е најдобар тенисер во светот со 8615 АТП поени, а Новак Ѓоковиќ има 150 поени помалку.
По Австралија опен, каде Новак не настапи, јасно беше дека србинот тешко ќе ја задржи првата позиција. Сепак, доколку го освоеше турнирот во Дубаи, Ѓоковиќ сепак ќе го имаше првото место бидејќи русинот разочара во Акапулко. Излегува дека полуфиналето таму му е доволно за да го освои првото место во светот и да биде таму најмалку две недели.

