28 март, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета со компири: Ќе намалите од 3 до 5 килорами

Диета со компири: Ќе намалите од 3 до 5 килорами

Компир диетата, како што покажува и самото име, го има компирот како главна состојка. Исто така вклучува и нискомаслен јогурт, а ако ги следите упатствата, можете да загубите од 3-5 килограми за само три дена. Доколку сакате подобри резултати, можете да ја повторите уште три дена, но не повеќе од два пати псоледователно.

Скробот кој го содржи компирот, со млечните киселини од нискомаслениот јогурт, му обезбедуваат на телото доволен дневен внес на калории. Скробот, кога е во комбинација со вода, дава чувство на ситост и без голем внес на храна. Оваа диета се држи само три дена, а може да се повтори максимум два пати последователно.

Ден 1

Појадок: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт

Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт

Вечера: 2 чаши јогурт

Ден 2

Појадок: една чаша јогурт

Ручек: Два варени компири без сол и една чаша јогурт

Вечера: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт

Ден 3

Појадок: еден варен компир без сол

Ручек: Еден варен компир без сол и една чаша јогурт

Вечера: една чаша јогурт

Важна напомена која треба да ја имате на ум: немојте да го замените варениот компир со пржен. Варениот компир се смета за многу здрава намирница, а пржениот компир е нездрав и поттикнува наталожување на килограмите. Варениот компир содржи доста витамини и минерали и влакна кои ги забрзуваат варењето.

Во 100 грама компир има само 75 калории, што е помалку од чаша цеден сок од портокали. Јогуртот ја регулира работата на системот за варење, го отстранува вишокот вода и токсините од телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП