Рафаел Надал го продолжи совршениот старт на 2022, победувајќи го Британецот Камерон Нори со 6:4/6:4 во финалето на Мексико опен во Акапулко во својот прв турнир по освојувањето на рекордната 21. гренд слем титула во кариерата на Австралија опен.
На Надал му беа потребни 1 час и 54 минути да го совлада 12-рангираниот Нори четврти пат во четири меѓусебни меча, за да ја освои својата четврта титула во Акапулко по таа во 2005, 2013 и 2020 и вкупно 91. АТП трофеј во кариерата.

