4 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„1Password“ го олеснува складирањето на детали за криптовалутите

„1Password“ го олеснува складирањето на детали за криптовалутите

Ажурирањето за „1Password“, обезбедува посебен дел посветен на складирање на податоци за крипто и дигитални валути во рамките на интерфејсот на оваа услуга за управување со лозинка.

Делот „Crypto Wallet“ сега е имплементиран во услугата, во празен формат кој лесно се пополнува. Постојат полиња специфични за овој тип на информации што треба да се пополнат (како што е адреса на дигитален паричник и фраза за враќање на парите, доколку е потребно).

Информациите за крипто-содржината можеа да се складираат во „1Password“ и претходно, но процесот не беше секогаш лесен и делот содржеше комплицирани елементи.

Дополнително на ова, ажурирањето „1Password“ додава поддршка за криптопаричникот „Phantom“, кој складира токени и „NFT“ базирани на Солана.

Експертите препорачуваат „главната фраза“ на корисникот, односно главниот клуч што го отклучува паричникот, никогаш да не се чува на уред што се поврзува на Интернет – дури ни во услуга за управување со лозинка, сето тоа поради потенцијални безбедносни ризици.

Се препорачува овие главни клучеви да се чуваат безбедно на безбедна физичка локација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар