27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony“ го претстави дизајнот на „PSVR2“ за „PlayStation 5“

„Sony“ го претстави дизајнот на „PSVR2“ за „PlayStation 5“

„Sony“ го претстави дизајнот на својот нов „PlayStation VR2“, кој го краси сферичната форма и одговара на естетиката на конзолата „PlayStation 5“ на компанијата.

Системот „PlayStation VR2“ вклучува нов шлем, нови „VR“ контролери, а „VR“ екосистемот на „Sony“ го носи на следното ниво кога станува збор за подобра прецизност, поквалитетни екрани, подобри повратни информации од корисниците и нови функции како следење на очите.

Заедно со „PSVR2“, „Sony“ ќе користи 4K HDR OLED екран, за да испорача резолуција од 2000 x 2040 пиксели по око, со стапка на освежување од 90 Hz или 120 Hz.

Дополнително, „VR“ уредот ќе им обезбеди на корисниците видно поле од 110 степени, што е зголемување во однос на оригиналниот модел „PSVR“ кој имаше видно поле од 96 степени. Уредот користи „USB Type-C“ за поврзување со конзолата.

„Sony“ не го објави датумот за лансирање на „PlayStation VR2“, но неговото објавување не се очекува пред крајот на 2022-ра година, а можеби дури и во текот на 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП