19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦукерберг ја ребрендира компанијата во Мета - вработените ги нарече „мета другари“

Цукерберг ја ребрендира компанијата во Мета – вработените ги нарече „мета другари“

Тој тврди дека Мета сега е „метаверзум на компании кои ја градат иднината на друштвените врски“, а не компанија фокусирана на социјални медиуми.

Реагирајте брзо, изградете нови големи работи и живејте во иднината“, им рекол Марк Цукерберг на вработените при претставувањето на новата насока на компанијата Мета, пишува Гардијан.

Покрај тоа, Цукерберг претстави голем број нови слогани и промени во компанијата која претходно беше наречена Facebook.

Во објавата, која ја сподели на својата Фејсбук страница, Цукерберг напиша дека Мета сега е „метаверзум на компании кои ја градат иднината на социјалните врски“, а не првенствено компанија фокусирана на социјалните медиуми. Според тоа, компанијата во иднина ќе ги нарекува своите вработени „metamates“ (во слободен превод – „мета другари“).

Цукерберг истакна дека сака да ги реформира правилата и вредностите на компанијата, кои не се ажурирани од 2007 година. Тој, исто така, ги охрабри работниците да „се фокусираат на долгорочниот учинок“.

„Фразата „Фокус на долгорочен учинок“ го нагласува долгорочното размислување и нè охрабрува да ја продолжиме временската рамка за перформансите кои ги имаме, наместо да се оптимизираме за краткорочни победи“, напиша тој во својата објава.

„Треба да ги прифатиме предизвиците кои ќе имаат најголемо влијание, дури и ако целосните резултати не се видат со години“, додаде тој.

Вработените се соочуваат со брзо отстапување од социјалната мрежа која се градеше 17 години до изградбата на метаверзумот, кој се уште е непознат за повеќето. Наводно, инженерите на Инстаграм и Фејсбук се охрабрени да аплицираат за работа во одделите за метаверзум и виртуелна реалност на компанијата, а Мета ангажираше илјадници нови работници од конкурентските компании – вклучително и Apple.

Сепак, овие промени ги загрижуваат и вработените и акционерите. Имено, акциите на Мета доживеаја историски пад по последниот деловен извештај, што доведе до загуба од над 230 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.

И покрај историскиот пад, Цукерберг остана цврст во своето верување дека метаверзумот е клучен проект на компанијата (на крајот на краиштата, тој веќе има инвестирано 10 милијарди долари во него).

„Убеден сум дека ова е вистинскиот пат за компанијата“, им порача Цукерберг на инвеститорите во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП