27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМајсторијата на Мбапе во 94. минута ги „казни“ Реал, Сити го „демолираа“...

Мајсторијата на Мбапе во 94. минута ги „казни“ Реал, Сити го „демолираа“ Спортинг

Пари Сен-Жермен имаше повеќе од играта, од акциите и од нападите против лутиот ривал Реал Мадрид, но им беше потребно да чекаат до 94. минута за Килијан Мбапе конечно да го постигнe единствениот гол на мечот против тимот каде што според многумина ќе ја продолжи кариерата.

Во Португалија пак, Манчестер сити најави дека е сериозен кандидат за титулата во Лигата на шампионите, откако со 0:5 ги декласираше Спортинг Лисабон и пред домашниот меч е практично четврт-финалист.

Пари Сен Жермен почна жестоко на „Паркот на принцовите“, со постојан притисок и со посед од топката од 60-тина отсто во првото полувреме, но сите обиди не донесоа гол, и освен убавата акција на Килијан Мбапе која ја одбрани Куртоа, немаше посериозни закани за Реал, кои свесно тргнаа во дефанзивна игра.

Најдобрата шанса дојде во 61. минута кога Мбапе беше соборен во шестнаесетникот и беше покажан пенал Меѓутоа, ударот на Лео Меси заврши директно во рацете на Куртоа. Мбапе повторно беше најопасен пред голот на „кралевите“, а притисокот порасна со влегувањето на Нејмар во игра во последните 15-тина минути. Токму Бразилецот имаше фантастична шанса во 87. минута од мечот, но неговиот обид заврши покрај голот.

Кога се мислеше дека „кралевите“ обезбедиле „нула“ на гости, Мбапе прекрасно влезе во шестнаесетникот во 94. минута и го матираше немоќниот Куртоа.

Во Лисабон, Спортинг беше апсолутно декласиран од „машината“ на Пеп Гвардиола.  ште во деветтата минута од мечот Ријад Марез со својот шести гол во ЛШ оваа сезона ги донесе Сити во водство, за веќе во 16. минута, Бернардо Силва со прекрасен гол да зголеми на 0:2.

Марез имаше и асистенција до Фил Фоден во 32. минута за 0:3, за Бернардо во 44. минута да го најави „потопот“ на Спортинг, пред Рахим Стерлинг во 58. минута да зголеми на 0:5, откако на Бернардо му беше поништен еден гол.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, ОСМИНАФИНАЛЕ, ПРВИ МЕЧЕВИ

Пари Сен-Жермен – Реал Мадрид 1:0

Спортинг Лисабон – Манчестер сити 0:5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП