По три меча во низа (два во Премиерлигата и еден во ФА купот) во кои имаа предност, но не победија, прекрасниот гол на Кристијано Роналдо ги инспирираше Манчестер јунајтед до 2:0 победа над Брајтон на „Олд Трафорд“ и барем привремено враќање на четвртата позиција на табелата во Премиерлигата.
По првото полувреме без голови, Роналдо во 51. минута по лошата реакција на средниот ред на Брајтон доби топка, успеа да помине тројца дефанзивци и да постигне прекрасен гол, негов прв по 597. минути игра, што беше најдолг „пост“ без голови во неговата кариера од 2009 година. Голот доаѓа во моменти кога многу критичари сметаат дека Португалецот не прави доволно за својот клуб и постојат шпекулации за можно заминување на крајот на сезоната.

