16 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана за рамен стомак

Храна за рамен стомак

Одредени намирници влијаат на гените за складирање на мастите и помагаат во намалувањето на салото околу стомакот.

„Smoothie“ напитоците содржат нутриенти кои помагаат во согорувањето на мастите – протеини, здрави масти и хранливи влакна.

Јајцата се добар извор на колин, состојка која помага во согорувањето на масти, го забрзува метаболизмот и ги „гаси“ гените кои складираат вишок масти.

Црвено овошје. Зошто баш црвено? Затоа што содржи најмногу фитонутриенти, кои спречуваат таложење на масните наслаги на стомакот.

Маслиновото масло и здравите масти го тераат телото да согорува повеќе калории. Не верувајте во заблудата дека со внесувањето на масти ќе го зголемите салото на стомакот, велат експертите, но нагласуваат да ги изберете здравите масти, односно омега 3 масните киселини.

Грав и други здрави влакна. Во стомакот се наоѓаат огромен број на микроби и сите тие се гладни. Здравите влакна кои ги нарекуваме пробиотици ги хранат здравите бактерии, со што спречуваат да дојде до воспаление и таложење на мастите. Здравите бактерии сакаат и цимет, ѓумбир и темна чоколада, па експертите советуваат да ги вметнете во исхраната.

Лиснатиот зелен зеленчук во себе содржи фолати, кои ги блокираат гените поради кои се формираат масни наслаги на стомакот. Значи, консумирајте зелен лиснат зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП