11 октомври, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовитет на „Instagram“ кој ќе ви се допадне

Новитет на „Instagram“ кој ќе ви се допадне

Корисниците сега можат да испратат приватен лајк кога нечие стори ќе им го привлече вниманието.

Претходно тоа не беше во можност, корисниците можеа да реагираат на „Instagram“ стори само со испраќање директна порака или емотикон како реакција, а во двата случаи содржината би се прикажала во нивниот инбокс како порака.

Токму тој „проблем“ сега се решава со новата опција на испраќање приватен лајк. Корисниците сега ќе можат да ја забележат новата икона на срце лоцирана меѓу опциите „Send message“ и иконата на авион.

Ако корисникот одлучи да испрати лајк на стори, тој ќе се појави на листата на оние кои го прегледале објавеното стори, а можен е пристап со повторно гледање. Оние кои јавно го гледаат нема да го видат бројот на лајкови.

„Целта е да се овозможи луѓето да си изразат поддршка едни со други, но и да ги „исчистат“ своите директни пораки. Размената на пораки е клучен приоритет за нас и голем дел од тоа на што се фокусираме кога станува збор за директните пораки меѓу вас и луѓето со кои комуницирате“, изјави Адам Мосери од „Instagram“.

Апликацијата често додава мали, но корисни новитети како овој. Минатата есен воведе опција за бришење одредени фотографии или клипови од објавен пост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП