20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРакетата што ќе удри во Месечината не е на SpaceX

Ракетата што ќе удри во Месечината не е на SpaceX

За помалку од еден месец ракета ќе го погоди сателитот на Земјата, но тоа нема да биде Falcon 9 SpaceX, туку кинеска ракета лансирана во 2014 година.

Минатиот месец, голем број медиуми објавија приказна за остаток од ракета на SpaceX која се очекува да ја погоди Месечината во март. Астрономите кои ги следат движењата на објектите во вселената тогаш објавија дека се работи за ракета Falcon 9 лансирана во 2015 година, а откако оваа информација се прошири низ мрежата, Маск и SpaceX се најдоа на удар на критичарите, а експертите уште еднаш предупредија на опасноста од генерирање вселенски отпад.

Но, имаше голема промена во оваа приказна. Иако ракетата сепак треба да удри во Месечината, се чини дека астрономите погрешиле во пресметките и воопшто не е ракета на SpaceX. Имено, на патеката за судирот со Земјиниот сателит, покажаа новите податоци, се наоѓа стара кинеска ракета. Ова го објави астрономот Бил Греј, кој го набљудува објектот од 2015 година и кој, како и многу негови колеги, верувал дека тоа е споменатата Falcon 9.

Греј призна дека препознавањето објекти во вселената не е ниту едноставно ниту лесно, и иако имал доволно добри докази дека објектот на пат кон Месечината е ракета на SpaceX, доказите не биле 100%. Дека погрешил, го уверила НАСА, која има свој систем за следење на објекти во вселената. Тимот од вселенската агенција реагираше откако беше објавена информацијата за удар на ракета на Месечината, а нивните податоци дадоа сосема поинакви резултати за Falcon 9 на SpaceX.

Со информациите кои ги добил од НАСА, Греј повторно почнал да го истражува објектот и добил сосема поинакви резултати во однос на првите предвидувања. Наместо Falcon 9 на SpaceX, дел од кинеската ракета Long March 3C, која беше лансирана како дел од мисијата Chang 5-T1 во 2014 година, треба да удри во Месечината на 4 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП