18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПроширувањето на Лигата на шампионите ќе донесе огромни пари за УЕФА и...

Проширувањето на Лигата на шампионите ќе донесе огромни пари за УЕФА и за клубовите

Телевизиските права за европските клупски натпреварувања ќе донесат 40 отсто повеќе профит од 2024 година, тврди француската новинска агенција АФП, најмногу поради растот на Лигата на шампионите.

Според изворите на АФП, договорен е глобален договор вреден 15 милијарди евра за три сезони, од 2024 до 2027, или по 5 милијарди евра од сезона. За споредба, оваа година ќе се добијат 3,6 милијарди евра за ТВ-правата, а последната сезона пред пандемијата на Ковид-19, 2018/2019, донесе 3,2 милијарди евра.

Ова само ќе ја засили ситуацијата на УЕФА и претседателот Александер Чеферин контра плановите за паралелната Европска суперлига, која сега ја предводат само три клуба – Јувентус, Реал Мадрид и Барселона.

Од 2024 ЛШ ќе се прошири од 32 на 36 клуба и ќе користи швајцарски модел на натпреварувања со повеќе мечеви по групи (10 во споредба со 6-те во моментот). Според швајцарскиот модел, 36-те клуба ќе се натпреваруваат во една група, а по 10 кола против противници добиени на ждрепка на стартот, најдобрите 16 ќе одат во првата нокаут-рунда. Со ова, вкупниот број на натпревари во ЛШ ќе се зголеми од 125 на 225.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП