2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса потпиша договор вреден 100 милиони евра

Барса потпиша договор вреден 100 милиони евра

qatarbarsa

Раководството на Барселона објави дека постигнале за спонзорство со катарската авиокомпанија „Qatar Airways“ кој ќе биде со важност до 2016-та година. Во текот на следните три сезони на „Камп Ноу“ ќе влезат околу 100 милиони евра.

За оваа сезона компанија во каталонскиот клуб ќе вложи 30,5 милиони евра, а во следните две 32 и 33,5 милиони. За три години тоа прави 96 милиони евра.

Дополнително во касата на „сино-црвените“ ќе влезат уште пет милиони евра доколку во овој период тие го освојат трофејот од Лигата на Шампионите. Натписот „Qatar Airways“ ќе стои не само на официјалните дресови, туку ќе се појави и на фасадата на „Камп Ноу“. Ќе има и посебно место во музејот на Барса за арапската компанија.

„Каталонците“ го потпишаа првиот голем договор со „Qatar Sports Investments“ во 2011-та година, кога и за прв пат се појави натпис на дресовите на каталонскиот тим – „Qatar Foundation“. Согласно со договорот од западноазиатскиот концерн имаат право да го менуваат натписот.

„Освен што ќе финансираат во клубот, спонзорите ќе го помагаат финансиски и градот Барселона и цела Каталонија“, соопштија од Барселона.

На официјалниот настан денес во Барселона присуствуваа потпретседателот Хавиер Фауст, претседателот на Барса, Сандро Росел и претставникот на „Qatar Airways“, Акбар ал-Бакер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП