2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуското чудо од дете падна на допинг

Руското чудо од дете падна на допинг

Руската лизгачка Камила Валиева е главна тема на светските медиуми кога се во прашање Зимските олимписки игри.

Таа наводно била позитивна на допинг тестот пред натпреварот во Пекинг, но се уште нема официјална потврда од МОК.

Валиева користела триметазидин, кој помага во лекувањето на срцевите проблеми и го подобрува протокот на крв и издржливоста.

Целата ситуација околу младата лизгачка и го загрозува златниот медал, но се уште нема одлука за конечниот распоред и евентуално одземање на медалот за рускиот тим.

Не е јасно дали Олимпискиот комитет на Русија поднел некаква жалба, но Валиева се уште тренира во Олимпиското село, а Руската федерација за лизгање само потврди дека Валиева не е суспендирана.

Ситуацијата не е едноставна. Според Светскиот антидопинг кодекс, Валиева е „заштитена личност“, бидејќи сè уште не наполнила 16 години. Сега на овој случај ќе работат неколку правни тимови, пред да биде донесена конечната пресуда за Русинката.

Доколку Валиева биде казнета, ​​се очекува санкцијата да биде помала отколку што би била за спортистите постари од 16 години. Сепак, Меѓународната агенција за тестирање се уште не ги коментира деталите за случајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП