30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку сте безбедни по прележана корона?

Колку сте безбедни по прележана корона?

Многумина се прашуваат колку време е потребно да помине од прележаниот вирус до повторна инфекција, па затоа експертите спроведоа истражување на оваа тема.

Денес е речиси невозможно да не се заразиме со коронавирусот, а веќе се распространети различни мутации. Иако, со сојот омикрон се поврзани поблагите клинички слики, се појави и случај на нов сој – стелт омикрон.

Со оглед на тоа што се работи за голем број на пациенти кои биле подложени на Ковид, се поставува прашањето колку време е потребно за повторно да се заразат. Експертите посочуваат дека многу луѓе ги игнорираат симптомите кои повторно ги чувствуваат, бидејќи се водат од тоа дека го поминале вирусот и дека нема шанси повторно да се заразат.

Лицето кое ќе се зарази со коронавирусот повеќе од еднаш, се вели дека било реинфицирано со вирусот.

„Реинфекција со вирусот, значи дека лицето било заразено, оздравено, а потоа повторно заразено. По закрепнувањето од короната, повеќето луѓе ќе имаат одредена заштита од повторна инфекција. Сепак, реинфекции сè уште се случуваат“, велат во американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Реинфекцијата често се поврзува со имунитетот.

Иако нема дефинитивен одговор за тоа колку брзо можете повторно да се заразите со коронавирусот, според најновите податоци објавени од ЦДЦ, истражувањата покажаа дека три месеци од прележување на болеста не треба повторно тестирање, освен ако некое лице не покаже симптоми на корона.

Друга студија вели дека „повеќето луѓе кои се инфицираат со коронавирусот, без разлика дали имаат симптоми или немаат, произведуваат антитела и клетки кои се борат против вирусот“. За оние кои се опоравиле, шансите за реинфекција се многу мали во првите три месеци по почетната инфекција.

„Ако сте имале блага инфекција и немавте добар имунолошки одговор и сте повторно изложени на голема количина на вирусот, повторната инфекција е дефинитивно можна“, рече д-р Томас Русо, професор и шеф за заразни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП