Сенегал првпат во својата историја успеа да стане шампион на Африканскиот куп на нации, откако по драматични и возбудливи 120 минути, на крајот пеналите го одлучија шампионот во големата пресметка со седумкратниот шампион Египет.
Во дуелот на двете први ѕвезди на Ливерпул, Садио Мане (Сенегал) и Мо Салах (Египет), Мане можеше да биде трагичар на турнирот, но на крајот беше херој, откако го постигна последниот гол во пенал-серијата. Претходно Мане уште во седмата минута од мечот имаше шанса да ги донесе „Лавовите од Теранга“ во водство кога беше досуден пенал по несмасниот старт над него, но по совет на Мо Салах, голманот Габаски успеа да му го одбрани.

