20 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНаучниците осмислија тест за Ковид-19 кој е исклучително прецизен, неинвазивен и готов...

Научниците осмислија тест за Ковид-19 кој е исклучително прецизен, неинвазивен и готов за пет минути

Како да се тестираат голем број луѓе на Ковид-19, за тестовите да бидат точни, прецизни и што е најважно брзо готови? Група научници осмислиле тест за здив кој може да открие инфекција со САРС-КоВ-2 за само пет минути.

Тестот за здив е најмногу сличен на тестирањето на алкохол со полициски уред. Лицето дува или издишува воздух во посебна цевка која е поврзана со сензор кој ги мери испарливите органски соединенија во здивот, кои се карактеристични за лице заразено со коронавирус. Интересно е што на овој начин е можно да се откријат луѓе кои се заразени, но немаат никакви симптоми.

Во една студија објавена во списанието ACS Nano, тие објаснија дека нивниот уред користи чип со три SERS сензори во сребрени наноцевки. Пациентот треба само да издишува во цевката 10 секунди за сензорот да го открие вирусот.

Соединенијата откриени од сензорот во здивот се анализираат со пренослив Раман спектрометар, кој има 3,8 отсто лажни негативни и само 0,1 отсто лажни позитивни резултати. Целиот процес, заедно со печатењето на резултатите, се прави за помалку од пет минути.

Авторите на студијата се надеваат дека ваквите уреди и тестови би можеле целосно да ги заменат PCR тестовите и BAT на места каде што е неопходно да се тестираат повеќе луѓе за кратко време и на тој начин да се спречи ширењето на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП