3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Метлата“ на Артета – само 7 од 28-те фудбалери кои ги наследи...

„Метлата“ на Артета – само 7 од 28-те фудбалери кои ги наследи уште се во Арсенал

Интересната фотографија на британскиот таблоид „Сан“ покажува што направи Микел Артета со 28-члениот состав кој го наследи од Унаи Емери кога го презеде клубот во 2018 година, откако дозволи неверојатни 16 фудбалери да заминат во зимскиот преоден рок.

Интересно, од седумте преостанати, само двајца речиси сигурно ќе бидат дел од „топчиите“ и следната сезона – Емил Смит-Роув и Гранит Џака.

Договорот на Александер Лаказет завршува на крајот на сезоната и нема преговори за продолжување, а иста е ситуацијата и со Мо Елнени и Костас Мавропанос. Голманот Бернд Лено веќе не е прв избор по пристигнувањето на Арон Ремсдејл и ќе бара трансфер ова лето, а своето место во првиот тим го загуби и Роб Холдинг. Ектор Белјерин, Ејнсли Мејтланд-Најлс и Лукас Тореира веќе се на позајмица, додека Еди Нкетија е незадоволен во клубот.

Во зимскиот преоден рок, Арсенал донесе само еден фудбалер – 23-годишниот американски дефанзивец Остон Трасти.

Емери доби отказ во ноември 2019 по низата од седум меча без победа првпат од 1992 година, по што како привремен менаџер дојде Фреди Љунгберг, пред Артета да пристигне од Манчестер сити, каде што му беше помошник на Пеп Гвардиола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП