Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнале договор. Францускиот репрезентативец од наредната сезона ќе го носи дресот на „кралскиот клуб“. Мбапе во реал ќе се пресели како слободен играч.
Германски „Билд“, објави дека Реал на годишно ниво ќе издвои 50.000.000 евра за Мбапе. Толку изнесува бруто платата, што значи дека нето заработката на фудбалерот ќе биде нешто повеќе од 25.000.000 евра. Данокот за спортистите во Шпанија е нешто под 50 отсто.

